/ Прочитано:

938

Судење „Ровер“: Рочиштето се одложи поради влошената здравствена состојба на Љубе Бошковски

Понеделник, 17 декември 2012 – Обвинетиот Љубе Бошковски денеска требаше да ја заврши својата одбрана со одговарање на прашања на адвокатите, но судијата потврди дека е зивестен за влошената состојба на Љубе Бошковски кој не се појави во судницата. На изминатите две рочишта кои поминаа во многу бурна атмосфера, Бошковски тврдеше дека во судницата е донесен за отстрел, а случајот „Ровер“ го нарече полициско-обвинителски монтиран процес. 

Со обвинението за случајот „Ровер“, 15 лица се обвинети за убиство и помагање на убиство извршени врз Маријан Тушевски и на Kире Јанев во јули 2001 година. Првите четворица, Предраг Чубрило, Милан Илиќ,Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се во бегство, четворица кои се товарат за помагање се во притвор, меѓу кој е и Бошковски кој моментално е во Идризово на издржување казна затвор за друг случај. Петторица од обвинетите се бранат од слобода. Според обвинението, Чубрило, Илиќ, Ковачевиќ и Вукичевиќ влегле во Република Македонија со помош на 6-то обвинетиот Ивица Ристиќ. Пред убиството, во најмен стан претстојувале отприлика еден месец. Потоа, обвинетиот Зоран Трајковски ги прераспоредил останатите обвинети кои се тогашни инспектори во Одделот за набљудување и документирање при МВР. Обвинителството ги гони дека знаеле информации за убиството, но не презеле ништо. Според обвинителството, главна мета бил Маријан Тушевски, а Киро Јанев бил само колатерална штета кој случајно се нашол на местото на убиството. Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски е 7-мо обвинет, се товари за помагање на убиство, односно дека му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Маријан Тушевски, притоа му ветил дека никогаш нема да поведе истрага против него.

>> Предметот за случајот „Ровер“ можете да го проследите тука  .

Тек на рочиштето

10:20 – Обвинетиот Љубе Бошковски не се појави на рочиштето, се влошила неговата здравстена состојба, а судијата добил известување од КП „Издризово“. Рочиштето се осложи за утре (18.12.2012 година)во 09:30 чaсот.