/ Прочитано:

824

СУДЕЊЕ „Ровер“: Рочиштето се одложи, сведокот на одбраната ќе се сослушува следниот пат

Петок, 26 април 2013 – Рoчиштето се одложи поради нарушена здравствена состојба на еден од обвинетите. Обвинетиот Љубе Бошковски влегувајќи во судница се сети дека кога бил министер му велеле дека личи на Џорџ Клуни, а сега веќе не е така, по што настана смеа во судницата.  Минатиот пат почнаа да се изведуваат материјалните докази, меѓу нив, се наоѓа ЦД на кое според обвинителстото стојат мотивите за двојното убиство од пред 12 години. Пред да се изведе содржината на ова ЦД, одбраната побара да се сослуша уште едно лице во својство на сведок, но иско сведокот дојде во судот, поради денешното одложување на главниот претрес, се очекува тоа да се случи на 9 мај кога судскиот процес ќе продолжи.

Со обвинението во случајот „Ровер“, 15 лица се товарат за убиство и помагање убиство извршено врз Марјан Тушевски и Kире Јанев во јули 2001 година. Првите четворица обвинети, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ, кои се товарат дека се директни извршители на убиството, се во бегство. Според обвинението, Чубрило, Илиќ, Ковачевиќ и Вукичевиќ влегле во Република Македонија со помош на шестообвинетиот Ивица Ристиќ. Пред убиството, тие претстојувале отприлика еден месец во изнајмен стан. Најгoлемиот дел од останатите обвинети, во тоа време инспектори во Одделот за набљудување и документирање при МВР, се товарат дека имале информации за убиството, но не презеле ништо. Според обвинителството, главна мета бил Маријан Тушевски, а Киро Јанев бил само колатерална штета, кој случајно се нашол на местото на убиството. Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски е седмообвинет обвинет, и се товари за помагање убиство, односно дека му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Маријан Тушевски, притоа давајќи му ветување дека никогаш нема да поведе истрага против него.

Рочиштето се одложи поради нарушената здравствена состојба. Меѓу присутните беше и сведокот кој денеска требаше да зборува за ЦД-то на кое според обвинителството се запишани мотивите на двојното убиство. Неговиот бранител бараше од судот во наредните 15 денови да не се закажува друго рочиштето се додека на обвинетиот не му се подобри состојба. Ново настанатата ситуација предизвика бурна реакција кај обвинетите што се притвор. На судскиот совет му се пожалија дека спрема нив се постапува дискриминаторски бидејќи со месеци бараат лекарски прегледи, а истите во притворот во Шуто Оризари не ги добиваат. Обвинителот пак, рече дека медицинската документација за обвинетиот не покажува дали тој е хоспитализиран или е на домашно лекување. Напнатата ситуација на кратко се прекина кога во судницата влезе обвинетиот Љубе Бошкоски извинувајќи се дека неговиот спровод доцни поради сообраќајниот метеж во градот.

„Кога бев министер, полтроните ми велеа дека личам на Џорџ Клуни  и дека имам плави очи, сега не е така“, рече Бошковски предивликувајќи на момент смеа во судницата.

Бранителите на притворените од судница излегоа не задоволни поради постојаните одлуки на советот, обвинетите да останат во притвор. Слендното рочиште е закажано за 09.05.2013 година во 10:00 часот.