СУДЕЊЕ Санадер („Хипо банка“, „ИНА – МОЛ“): Санадер целосно ја даде својата одбрана, го отфли обвинението дека земал 10 милиони евра мито
Вторник, 13 ноември 2012 – Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер ја изнесе одбраната и за случајот „ИНА – МОЛ“. Тој го обвини крунскиот сведок на обвинителството дека лаже, УСКОК дека не си ја врши професионално работата, а државниот обвинител Младен Бајиќ дека издавал тајни искази во медиумите. Со обвинението за овој случај, Санадер се товари дека примил мито од 10 милиони евра од унгарската компанија „МОЛ“, со цел преземање на мнозинските права во нафтената компанија „ИНА“ на сметка на Хрватска. Обединетиот предмет за аферите „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“, првиот од низата корупциски предмети кои се водат против Санадер е пред самиот крај.
Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер денеска заврши со давање на неговата одбрана во врска со обединетиот предмет „Хипо банка“, „ИНА – МОЛ“. Исто како и на вчерашното рочиште кого зборуваше за случајот „Хипо банка“ и денеска во врска со „ИНА – МОЛ“ ги отфрли делата кои му се ставаат на товар.
Во текот изнесувањето на одбраната, Санадер потенцираше дека ниту барал, ниту земал мито. Како што вели, преговорите се МОЛ ги водел тогашниот потпретседател на Владата на Хрватска, Дамир Поланчец, на кој што наводно никогаш не му вршел притисок. Тврди дека полититичките одлуки секогаш се носеле по одржана расправа на Претседателството на ХДЗ, а потоа за истите се расправало и со коалиционите партнери.
Го обвини крунскиот сведок на обвинителството и неговиот некогашен многу добар пријател, еден од најмоќните хрватски бизнисмени, претприемачот Роберт Јежиќ дека лаже, повикувајќи се и на сведоците, меѓу кои и рускиот тајкун Михаил Гуцериев кои го побија овој исказ. Јежиќ инаку во својот исказ тврди дека управителот на МОЛ префрлил 5 милиони евра на сметка на негова швајцарска фирма, односно половина од митото наменето за Санадер.
„УСКОК е некритички. Ги прифатија наводите на Јежиќ здраво за готово, иако немаат докази дека Јежиќ ја зборува вистината. Парите кои беа уплатени на сметката на „Ксенопласт“ се хонорар за Јежиќ наменет за лобирање околу проектот „Дружба Адриа“ . Тоа во судот го потврди и Михаил Гуцериев, сопственикот кипарските фирми „Церома“ и „Хангарн Оил“ кои му го уплатиле хонорарот на Јежиќ.“, наведе Санадер во своја одбрана.
Рочиштето продолжува утре за кога е предвидено завршни зборови да даде обвинителството. Во четврток завршни зборови ќе дава одбраната. Првата пресуда за поранешниот премиер на Хрватска и претседател на ХДЗ, се очекува да биде донесена најрано петок, а најдоцна на почетокот на идната недела.
>> Обединетиот предмет за случаите „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“ проследете го тука.