5 февруари, 2013 06:57
paula
/ Прочитано:
Судење „Змиско око 1“: Преку 2 години главниот претрес се одлага поради отсуство на обвинети – судијата најави дополнително вештачење
Вторник, 5 февруари 2013 – Главниот претрес никако да почне, на денешното рочиште не се појавија тројца обвинети, а за следниот пат судијата Вангелина Маркудова нареди стражарно приведување. Процесот продолжува во април, до тогаш ќе се прави дополнително вештачење за да се прецизира и утврди штетата за која се товарат обвинетите. По второстепената одлука како и по жалбените барања на адвокатите, судскиот совет одлучи дека е неопходно дополнително вештаци од Бирото за вештачење одново да ја утврдат штетата.
Акцијата „Змиско око 1“ е првиот случај каде што полицијата приведе 72-ца вработени во ЈП „Македонија“ пат во 2007 година. Според обвинението инкасантите на наплатните рампи здружени во група проневериле милиони евра со тоа што на патниците им наплаќале половина од цената, а парите ги присвојувале за себе. За околу 7 месеци беше донесена првостепена пресуда од Кривичниот суд во Скопје. Со ефективни затворски казни беа осудени само 13 од вкупно 72 обвинети, а делото злосторничко здружување беше укинато. По една година, Апелација најде нејаснотии во првостепената пресуда, според второстепениот суд посебните истражни мерки не докажувале ништо, исто така беше побарано да се утврди износот на штетата. Обвинителството повторно ќе се обиде да ја докаже вината откако предметот ќе ја дочека доказната постапка.
>> Предметот за случајот „Змиско око 1“ проследете го тука.
Тек на рочиштето
10:30 – Oткако судијата утврди дека тројца од обинетите не се присутни донесе решение дека рочиштето се одложува за 02.04.2013 година во 10:00 часот. Имено, ги информираше обвинетите и адвокатите дека ќе се прави дополнително вештачење бидејќи тоа било препорака од второстепената одлука и имало жалбени барање од страна на одбраната за одново да се утврди штетата за која се товарат обвинетите.