/ Прочитано:

1.465

СУДЕЊЕ „Змиско око“: Главната расправа повторно се одложи

Вторник, 26 јуни 2012Главната расправа денеска повторно одложена поради отсуство на двјаца од обвинетите. Поради неисполнување на законските претпостапки за одржување на главен претрес истиот се одлага веќе подолго време. 

Со акцијата „Змиско око 1“ полицијата приведе 72-ца вработени  во ЈП „Македонија пат“ во 2007 година. Инкасантите на наплатните рампи здружени во група наводно проневериле милиони евра со тоа што на патниците им наплаќале половина од цената, а парите ги присвојувале за себе.  Акцијата се случуваше на два пати во два различни временски периоди па затоа се водат два предмети „Змиско око 1“  и „Змиско око 2“. „Змиско око 1“ тапка во место, за рочиштето за „Змиско око 2“ е закажано за во септември.

>> Предметот „Змиско око 1“ целосно проследете го тука.


Тек на рочиштето

11:01 –  Рочиштето се одложи поради отсуство на двајца обвинети. Едниот од нив имал бронхитис, а другиот не го пуштиле од работа бидејќи немал писмена покана да ја приложи.  Рочиштето е закажано за 06.09.2012 година во 10 часот.

10:21 – Со доцнење од 20 минути рочиштето почна.