/ Прочитано:

1.006

СУДЕЊЕ Змиско око: Повторно одложена главната расправа

Вторник, 29 мај 2012 Главната расправа повторно не се одржи. Денеска отсутни тројца од обвинетите. По редовните одложувања поради отсуство на дел обвинитети, се чини дека судот е немоќен да ги собере сите 72 – ца обвинети и да одржи главна расправа. Незадоволство и кај некои од адвокатите, велат дека година и пол доаѓаат на рочиште само за да „се сликаат“. Дел од бранителите на минатото рочиште бараа раздвојување на постапката за своите клиенти, но барањето беше одбиено од судот поради тоа што обвинетите се товарат за делото злосторничко здружување. Ваквото барање беше прифатено само за двајца обвинети кои се наоѓаат во болница.

Потсетуваме дека апсењата на инкасантите на наплатните рампи финишираше со обвинение дека 72 лица проневериле милионски суми евра, пари од наплатните рампи.

Тек на рочиштето

10:40 – Повторно нема услови за одржување на главна расправа. Тројца од обвинетите се отсутни поради болест, на нивните бранителите наложено им е да достават медицинска документација во рок од 8 дена. Адвокатот Валентин Зафировски кој на минатото рочиште беше казнет со глоба од 1000 евра, бидејки не го оправда отсуството, им го откажа полномошното на 5-мината обвинети кои тој ги брани. Судот по ова, ги задолжи обвинетите Драги Тричковски, Тоше Петров, Ѕвонко Наков , Наум Михајловски и Ленче Павлова да ангажираат бранители во рок од 8 дена, во спротивно судот ќе им додели по службена должност. Следното рочиште е закажано за 26.6.2012 г.

10:21 – Судијата во моментов ги чита обвинетите. Се очекува да се утврди дали се исполнети условите за одржување на главна расправа.