/ Прочитано:

997

Судењето на полицаецот Јаќим Трифуновски одложено од безбедносни причини

Петок, 7 септември 2012 – Судскиот процес против Јаќим Трифуновски, полицаецот кој со својот службен пиштол ги уби Бесник Шехапи и Имран Мехмеди е одложен. Полицијата го известила судот дека од безбедносни причини не може да го спроведе обвинетиот од затворот во Прилеп, каде ја издржува мерката притвор. Процесот е одложен за 19 септември.

Убиството се случи на 28 февруари на паркинг во Гостивар, кога Трифуновски кој не бил на работна задача со службениот пиштол ги застрела неговите сограѓани  Бесник Шехапи и Имран Мехмеди. Обвинет е за две дела, убиство со умисла и предизвикување општа опасност за кои е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор.