/ Прочитано:

927

СУДЕЊЕ „Ратко Младиќ“: Судењетo продолжува во понеделник, Младиќ не доживеал мозочен удар

Петок, 13 јули 2012 година – Судењето против генералот на босанските Срби, Ратко Младиќ се одложи за понеделник. Откако вчера  за главната расправа му се слошило, Младиќ бил префрлен во болница.  Тој сеуште е хоспитализиран и му се прават дополнителни медицински испитувања. Засега неговата состојба се стабилизира, има висок крвен притисок, но не доживел мозочен удар, пренесуваат српските медиуми. 

Вчера судењето за Младиќ се одложи, откако нему му се слоши за време на главната расправа. Младиќ и утре останува во болница, Трибуналот судењето го закажа за понеделник. На клупата на сведоци ќе седне генералот на УНПРОФОР, Дејвид Харланд, кој за време на војната бил прераспореден на неколку места на територијата на Босна и Херцеговина.

Вчера помисливме дека Младиќ доживеа мозочен удар бидејќи не можеше да ги ја движи десната рака и нога и поради тоа што досега имал три мозочни удари, денеска состојбата му се стабилизира, му се пушти раката и ногата, но ќе остане во болница и утре на дополнителни испитувања“, изјави за српските медиуми неговиот адвокат Бранко Лукиќ.

По него треба да сведочи Ричард Данат, поранешен генерал на вооружените сили на Велика Британија. Тој ќе сведочи како стручно лице од областа на воената команда и контрола.

Судењето продолжува во текот на следната недела. Потоа следува тринеделениот одмор за судиите од Трибуналот.