/ Прочитано:

1.059

Судењето за случајот „Ровер“ повторно одложено. Нов обид за старт на процесот закажан за крајот на мај

Третото повторено судење за случајот „Ровер“ неколку месеци се одложува. Денеска судијата Илија Трпков го одложи закажаното рочиште за случајот „Ровер“ поради отсуство на обвинетиот Зоран Трајковски.

????????????????????????????????????

И денеска судијата Илија Трпков го одложи закажаното рочиште за случајот „Ровер“ поради отсуство на обвинетиот Зоран Трајковски.

Третото повторено судење за случајот „Ровер“ неколку месеци се одложува. Причина за претходните одложувања беше отсуството на обвинетиот Сашо Јовановски кој поради повреда на левата нога и потреба да посетува физикална терапија не доаѓаше на закажаните рочиштата. Денеска Јовановски беше присутен во судница. Од затворот „Идризово“ денеска беше спроведен поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, обвинет во случајот кој има уште еден месец од издржувањето на петгодишната казна затвор за случајот „Кампања“.

Следното рочиште за предметот „Ровер“ е закажано за 20 мај.

Ова е третпат одново да почнува судењето за „Ровер“ бидејќи Апелациониот суд Скопје двапати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба.

Со пресудата на Кривичниот суд, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски, доби осум години и шест месеци, по седум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Обвинетите се товарат за убиствата на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случија во Скопје, во јули 2001 година.

М. С.