/ Прочитано:

1.414

СУДЕЊЕ „ДИВА НАСЕЛБА“: До крајот на јули закажано уште едно рочиште

До крајот на месецов, на 28 јули, е закажано уште едно рочиште, по што Судот и одбраната треба да се договорат дали ќе биде направена пауза или ќе бидат закажани следни термини за судење и во текот на месец август.

Дива населба, прво рочиште

Денеска во Кривичниот суд во Скопје се одвива рочиштето за предметот „Дива Населба“, за случувањата од 9 и 10 мај минатата година. Главната расправа за предметот, кој е во фаза на сослушување сведоци, е сè уште затворена за јавноста бидејќи пред Судот се сослушуваат заштитени сведоци – полициски службеници кои учествувале во акцијата во кумановската Дива Населба.

До крајот на месецов, на 28 јули, е закажано уште едно рочиште, по што Судот и одбраната треба да се договорат дали ќе биде направена пауза или ќе бидат закажани следни термини за судење и во текот на месец август.

Процесот започна на 9 февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати. Причината за прекин на постапката беше спојувањето на предметите „Дива Населба“ и „Молња“. Поради обемноста на предметот, во кој обвинети се 37 лица, Судот неколку недели не можеше да најде соодветна просторија во која ќе бидат исполнети безбедносните и техничките услови за одржување на главна расправа и во која ќе можат да бидат сместени обвинетите и нивните адвокати.

Судењето сега се одвива во големата сала на Врховниот суд која со одлука на Владата на РМ му беше отстапена на Кривичниот суд на привремено користење во рок од шест месеци.

На последното рочиште, кое исто така беше затворено за јавноста, како што информираа од Судот, неколку обвинети се пожалиле на повреди при спроводот и побарале одложување на рочиштето. Судот повикал и медицинска екипа која ги прегледала обвинетите и увидела дека немаат видливи повреди, по што судечкиот судија констатирал дека нема причина за одложување на постапката.

Во предметот „Дива Населба“ обвинети се 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање од членот 394-а и тероризам од членот 394-б од Кривичниот законик. Обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. На досегашните рочишта беа сослушани бројни сведоци на Обвинителството: роднини и соседи на обвинетите и полициски службеници учесници во дводневните вооружени престрелки.

Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.

М. С.

„Дива Населба“