/ Прочитано:

1.058

СУДЕЊЕ „Монструм“: Обвинението ќе се прошири со седмообвинетиот Сами Љута

Среда, 6 ноември 2013 – Седмообвинетиот Сами Љута на 2 декември ќе седне во обвинетлна клупа заедно со останатите обвинети. Според првичните сознанија истрагата, тој бил дел од групата што го изврши масакрот на 5-те невини жртви кај Смилковци пред повеќе од година и пол. 

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири се обвинети за тероризам, според обвинителството тие на  на 12 април 2012 година во очи Велигден со цел да влеат страв кај македонското население и да се загрози безбедноста на земјата, со вкупно 21 истрел од калашников и пиштол ги усмртиле на лице место петте рибари кои ги затекнале кај Смилковското езеро. Обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои најпрвин беа во бегство, се наоѓаат во притвор на Косово поради нелегално поседување на оружје, моментно се чека на нивната екстрадиција – им се суди во отсуство. При крајот на месец август, полицијата го уапси Сами Љута (28) под сомнение дека е дел од осомничената група осомничена за извршувањето на петкратното убиство.

>> Предметот целосно можете да го проследите тука. 

Тек на рочиштето

13:00 – Следниот главен претрес е закажан за 02.12.2013 во 11:00, се очекува процесот да почне отпочеток.

10:25 – Земјата од калниците на Опел омегата не се совпаѓа со земјата од Вражји вир, местото каде беше пронајден Опелот, покажа вештачењето на крим техничарите од МВР.  Одбраната побара увид во Опелот, фотографии од мобилниот апарат на обвинетиот Агим Исмаиловиќ да се изведат како доказ и да се сослуша на главен претрес вештото лице на МВР.

Обвинителството, пак, како докази ги приложи правосилните пресуди за обвинетиот Африм Исмаиловиќ и Алил Демири од Основен суд Скопје 1 и Основен суд Куманово.  Исмаиловиќ е осуден за затајување на криминал, а Демири е осуден на условна казна за насилство. Исто така, обвинителството како доказ ги приложи телефонските транскрипти од покојниот Александар Наќевски. Од списите се воочува дека токму во 19 и 48 минути кобниот ден, тој примил повик од својата сестра која вели дека 12 секунди слушнала само шушкање и шепотење, но не го слушнала својот брат.

Потоа одбраната побара да се утври потеклото и сопственоста на Опелот преку Интерпол, а обвинителството рече дека има докази токму на оваа околност, но се уште не се предадени на судот.

10:20Главниот претрес почна. Судскиот совет утврди дека условите за одржување на претресот се иполнети.