/ Прочитано:

739

СУДЕЊЕ „Монструм“: Продолжи доказната постапка со изведување на транскриптите од телефонските разговори на обвинетите, по екстрадицијата на обвинетите процесот стартува од почеток

Вторник, 5 март 2013 – Денешното рочиште продолжи со доказната постапка, односно со изведување на транскриптите од телефонските разговори на обвинетите, па судскиот совет ја исклучи јавноста. Минатиот пат се слушна за поврзаноста на обвинетите со петкратното убиство. Во црвениот „Опел омега“ форензичарите пронашле ДНК на првообвинетиот Алил Демири, односно епителни клетки на пот.  Инаку она што деновиве е во фокусот на вниманието е апсењето на првообвинетите Aлил Демири и  Африм Исмаиловиќ на Косово, двајцата се обвинети дека се директни извршители на петкратното убиство. Во моментов се чека на нивна екстрадиција, а по нивното доаѓање во земјава судскиот процес ќе почне од самиот почеток. 

>> Предметот целосно можете да го проследите тука. 

Тек на рочиштето

11:50 – Судскиот процес продолжи со вообичаена динамика се додека обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ не бидат екстрадирани од Косово. Судскиот совет донесе решение јавноста да се исклучи бидејќи во доказната постапка ќе се изведуваат доказите прибавени со посебни истражни мерки. Ќе се изведуваат транскриптите од телефонските разговори на обвинетите и на наредните закажани рочишта. 

11:40Главниот претрес почна. Условите за одржување на главен претрес се исполнети.