/Прочитано:

2.849

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: К.бр 81/14

СУДЕЊЕ

Почеток: 22 јануари, 2015г.

Судија: Илија Трпков

Обвинител: Дарко Јакимовски

Обвинет:

  • Насер Ештрефи

Ангел Петковски

Убиството на матурантот Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна 19-годишниот Насер Ештрефи од скопското село Грчец.

Според обвинението, откако Ештрефи го украл велосипедот од дворот на семејството Петковски во населбата Ѓорче Петров, при што бил забележан од таткото на Ангел, побегнал кон мостот кој води кон Сарај. Таму бил пресретнат од Ангел и неговиот татко. Ештрефи, како што се наведува во обвинителниот акт, со нож го нападнал Ангел. Пресметката завршила кобно за матурантот. Ештрефи е обвинет за убиство со умисла.

„На патеката на насипот го пречекале таткото на сега покојниот кој го блокирал патот обвинетиот да не побегне кон мостот и сега покојниот кој го блокирал патот во правец спрема течението на реката Вардар. Притоа, обвинетиот извадил нож со едностран сечивен дел и замавнал два пати кон сега покојниот нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош.

Обвинетиот потоа бил нападнат од страна на таткото на сега починатиот со дрвен стап и му биле нанесени телесни повреди, по што успеал да избега. Таткото на покојниот и покојниот се упатиле до Европската очна болница да побараат медицинска помош, но како резултат на повредите од убодната рана дошло до брзо и обилно внатрешно и надворешно искрварување и развиток на хеморагичен шок, што довело до смрт кај сега покојниот на скалите пред Болницата“, се вели во обвинението.

Снимките од камерите поставени кај Очната болница не го регистрираат моментот на убиството, но од нив може да се утврди дека инцидентот траел точно 30 секунди. 

Ножот не е најден

Ножот со кој е усмртен Ангел, а за кој Обвинителството тврди дека Ештрефи го имал кај себе, до денес не е најден.

За кражбата – условна, за убиството – 14 години затвор

Обвинетиот,  на самиот почеток на судењето, призна дека го украл велосипедот, но негираше вина за убиство со усмила. Судот, кој ја раздвои постапката за овие две дела, го осуди на условна казна за кражбата.

Со првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, пак,  донесена на 6 јули 2015, Ештрефи беше осуден на 14 години затвор за убиство со умисла.

Според одбраната, која моментно се жали пред повисокиот Суд,  станува збор за нужна одбрана, односно обвинетиот тврди дека тој бил нападнат од Ангел и од неговиот татко.

Тек на судењето