Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за предметот „Поткуп“
„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како ‘Поткуп’, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК. бр. 62/16 од 21.05.2018 година. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се вели во соопштението на судот.
Во предметот „Поткуп“ претседателот на Владата, Зоран Заев, беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал од струмички бизнисмен поткуп за приватизација на градежно земјиште. За предметот поткуп Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда, која беше обжалена од Обвинителството.
M.В