/Прочитано:

2.124

Апелациониот суд отфрли недозволена жалба на Обвинителството во предметот „Моќник“

Апелациониот суд донесе решение со кое ја отфрли жалбата на Обвинителството во предметот „Моќник“, а во врска со дозволеноста на доказите, односно на снимките од нелегално прислушкуваните разговори. Според Апелациониот суд, жалбата на Обвинителството е недозволена. Инаку, Кривичниот суд претходно го уважи предлогот на одбраната да не бидат прифатени доказите од страна на Судот во смисла на членот 347 од ЗКП и членот 110 од Законот за јавното обвинителство.

Адвокатот Петро Јанура вели дека одлуката на Апелациониот суд да ја отфрли како недозволена жалбата на Јавното обвинителство против решението на првостепениот суд со кое го одби предлогот снимките од нелегално прислушуваните разговори да бидат изведени како докази била очекувана.

„Во одговорот на жалба, кој го поднесов во име на моите странки, истакнав дека таква жалба е недозволена, и побарав Апелациониот суд да ја отфрли. Во спротивно Обвинителството ќе беше привилегирано да поднесе жалба во фаза на кривичната постапка кога тоа Законот не го дозволува. Инаку, мојот став како бранител во предметот е дека и без снимки и со снимки кривично дело нема“, вели адвокатот Јанура.

Во предметот „Моќник“ обвинети се пратеникот Антонијо Милошоски и неговиот татко, како и членови на поранешната Комисија за лустрација.

М.В