/Прочитано:

9.245

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: КОК.Бр 47/12

СУДЕЊЕ

Почеток: 12 септември 2012г.

Судија: Весна Димишкова (претседавач)

Обвинител: Вилма Русковска

Обвинети:

  • Игор Горански
  • Сашко Стојчев
  • Жан Железарски
  • Горан Божиновски
  • Јорданчо Михајлов
  • Симеон Михаилов
  • Стојан Паликрушев
  • Тони Лесански
  • Далибор Алексовски
  • Милан Арсов
  • Ванчо Ќорпашев
  • Горан Кузмановски
  • Сашко Стоименов (ослободен од обвинение)
  • Димитар Јованов
  • Ангел Андонов
  • Горан Наунов (ослободен од обвинение)

„Детонатор“

Со затворски казни кои се движат од една година и три месеци до доживотен затвор, Основниот суд Скопје 1 на 24 декември 2013 година ги прогласи за виновсни сите 15-мина обвинети во овој предмет. Тие се осудени за: злосторничко здружување, обид за убиство, измама, лихварство, недозволено држење на оружје, непријавување и подготвување на кривично дело. Од нив, според обвинителството, шестмина се организатори, а останатите се припадници на злосторничка група која што правела криминал во источна Македонија, од Кочани до Виница.  Апелациониот суд Скопје делумно ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1, единствено преиначувајќи ја во делот за казните за обвинетите Сашко Стојчев, Жан Железарски, Горан Божиновски, Далибор Алексовски и Симеон Михаилов. Со одлуката Апелациониот суд, всушност на обвие обвинети им беа намалени казните за 6 месеци.

Образложен на помалку од 30 страници, во Обвинителниот акт што се води против обвинетите, сопственици на дискотеки, обезбедувачи и бизнисмени од Кочани, Виница и Крива Паланка, се посочува дека обвинетите за занимавале со лихварство, измама и насилството спрема населението во Кочани и Виница, за што беа и осудени. 

Освен овие дела, организаторите на групата беа осудени и под обвинение дека во три наврати се обиделе да го убијат Драганчо Стоименов, нивни сограѓанин. Во два наврати, според обвинението, тие поставиле експлозивни направи во возилото на сопругата Стоименов, а третиот пат првообвинетиот Игор Горански со ловна пушка со возило го бркал оштетениот во центарот на Скопје.

Обвинителство: Тепачките и расправиите кулминирале до обид за убиство

Обвинителството неколкуте обиди за убиство ги објаснува на начин што претходеле расправии и тепачки меѓу оштетениот ДраганчоСтоименов и организираната група. Во обвинението стои дека обвинетите Игор Горански, Стојан Паликрушев, Сашко Стојчов,Горан Божиновски, Жан Железарски, Симеон Михаилов, Јорданчо Михајлов и Тони Лесански подолг временски период имале нарушени односи со оштетениот Драганчо Стоименов, кои ескалирале бидејчи според сведочењето на обвинетите, Драганчо Стоименов им ги запалил возилата. Според обвинителството ова било причина тие да се договараат да најдат лице кое за паричен надомест од 30.000 до 50.000 евра ќе го лиши од живот оштетениот.

Понатаму, во обвинението стои дека обвинетите давале пари на заем на луѓе кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба и искористувајќи ја ситуацијата им наплаќале месечна камата од 15 %. Оштетените лица поради големата камата секој месец ги плаќале 15% каматата од долгот, но не можеле да  го исплатат целиот долг кој обично изнесувал од 1000 до 5000 евра. На овој начин според наводите во обвинението, обвинетите секој месец прибавувале паричен надомест.

Полициска акција „Детонатор“ што се одвиваше во неколку градови во источниот дел на Македонија резултираше со 13 разрешени полициски началници и командири, запленети 1000 покер апарати и решетки за 14 лица. Заплената на покер апарати остана надвор од овој судски процес.

Тек на судењето