/Прочитано:

1.595

Инфо за предметот

Надлежен суд: Стопански суд - Загреб

СУДЕЊЕ

Почеток: февруари 2013 година

Судија: Радован Доброниќ

Обвинети:

  • Трговска банка на Загреб
  • Загреб банка
  • Ерсте банк
  • Рајфајзен банка
  • Хипо Алпе Адриа банка
  • ОТП
  • Сплитска банка
  • Волксбанк

Граѓански здруженија против 8 Банки во Хрватска

Здружението Франак и Друштвото за заштита на потрошувачите од Хрватска покренаa колективна тужба против 8 банки поради повреда на одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за заштита на потрошувачите, кои биле важечки во време на извршување на одредени договори за заем.

Тужени банки се: Трговска банка на Загреб, Загреб банка, Ерсте банк, Рајфајзен банка, Хипо Алпе Адриа банка, ОТП, Сплитска банка и Волксбанк.

Овие банки се тужени за две околности:

  • нефер користење на странска валута (швајцарски франци) и
  • нефер примената на промените на каматните стапки.

Според хрватските статистички податоци, 75 000 граѓани имаат станбен кредит во швајцарски франци. Зголемените месечни рати граѓаните не биле во можност да ги платат и поради тоа бројот на запленувања се зголемил за 33 пати.

Се нашле на интернет и решиле да  направат нешто за подобрување на банкарските услуги

Здружението Франак – е група на граѓани (економисти, електротехнички инженери, компјутерски инженери, трговци, лекари, математичари, медицински сестри, едукатори, политиколози, правници, психолози, социолози,  професори,  уметници, вработени, невработени, студенти, пензионери) кои се нашле на интернет и решиле да  направат нешто за подобрување на банкарските услуги.

Најголемата колективна тужба во историјата на хрватското правосудство

„Со тужбата бараме поништување на нефер договорните одредби, да се забрани нивната употреба, како и надомест за штетите настанати од користењето на нефер одредбите“, изјави адвокатот на Здружението Франак, Иво Жупиќ.

Ова е најголемата колективна тужба во Хрватска и е прв случај на колективна акција и засега судот нема искуство или практика во однос на вакви случаи. Овој потфат ќе биде предизвик за судот, судиите, Владата, вештаците, медиумите и здруженијата.

„Мораме да кренеме во борба за фер финансиски услуги. Во оваа борба мора да победиме“, истакна на конференцијата за медиумите Илија Ракман, претседателот на “Потрошач”.

Оваа проблематика би требала да се реши од страна на Владата, Собранието и Хрватската народна банка и да се донесе закон со кој на банките ќе им се укине можноста за еднострано менување на каматните стапки.

Прелиминарно сослушување: Судијата пред 18 години работел во Загреб банка 

На прелиминарното сослушување на 04.07.2012 се расправаше за процедуралните прашања, бидејќи тоа е  тужба која за прв пат се сретнува во историјата на хрватското судство.

Судијата Радован Доброниќ, на почетокот на својата кариера пред 18 години, работел во Загрепската банка и поради тоа ги упати странките дека може да побараат негово изземање ако сметаат дека тоа би можело да влијае на одлуката. „Ако некој има нешто против тоа, нека каже сега или нека молчи засекогаш“, рече пред присутните судијата Доброниќ. Сепак, напомена дека нема објективна причина за негово изземање, бидејќи со години не е во контакт со банката. Адвокатот кој ги застапува Потрошач, Никша Ваљало, побара по ова дополнително да се произнесе, но судијата не го дозволи тоа и судењето продолжи.

Банките го оспоруваа легитимитетот на тужителот. Според нив, не постојат процедурални барања за поведување на спор, бидејќи тужителот нема право да покрене колективна тужба, односно вакви тужби се предвидени со новиот Законот за парничната постапка, кој пак влегува во сила од денот на влегување на Република Хрватска во Европска Унија. Тужителите го одбија овој приговор велејќи дека нивната тужба се темели на Законот за заштита на потрошувачите кој допушта покренување на колективна тужба.

На 10 декември судот ја прифати колективната тужба, но го одби делот во кој граѓанските здруженија бараа да им се наложи на банките да го изменат договорените обврски со потрошувачите и главницата поврзана со еврото.