/Прочитано:

1.585

„Кампања“: Завршен збор на бранителот Донче Наков за Љубе Бошкоски

Случај: „Кампања“ Завршен збор: адвокат Донче Наков, бранител на Љубе Бошковски


Она што навистина во текот на мојата пракса, а се потврдува и во овој случај, ме фрапира и ми смета пред се како правник, е целосното, и без ниедна измена во текстовите, следење на ставовите на органите на прогон од страна на застапниците на Јавната тужба во поглед на правната квалификација на делата кои се ставаат на товар на обвинетите во постапките, во конкретниот случај со обвинетиот Љубе Бошковски, која е дадена во кривичната пријава, која ја следи барањето за спроведување на истрага, и која на крај е преточена во Обвинителен акт без ниедна измена, барам една запирка да се изменеше, а не правна квалификација. Иако имаме цел процес зад себе со анализи и приговори на одбраната кон комплетниот  начин на водење на постапката, анализа на доказите и забелешки кон истите, забелешки кон примената на ПИМ мерки, заеднички став на одбраната и ОЈО даден на записник да се сослуша загрозениот сведок сето тоа не најде никаков правен одраз на крутиот и во ништо променет став на ОЈО како во поглед на правната квалификација, така и во поглед на доказите и законитоста на нивното обезбедување.

Заедничка цел на сите нас кои сме учесници во постапката на чело со Почитуваниот Совет, е да го почитуваме Законот и да дојдеме до вистината. На тоа не обврзуваат основните начела на постапката.

. . .

,,Со кои дејствија обвинетиот Љубе Бошковски сторил кривично дело Злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања по член 165-а ст.1 од КЗ и кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353 ст.4 во врска со ст.3 и ст.1 од КЗ.,,

Сметам дека не е можно ниту правно дозволено овие две кривични дела да бидат едно покрај друго ставени како правна квалификација бидејки едното го апсорбира другото.

. . .

Формулацијата која ја користат и ОЈО во своето барање, и судијата кој ја издава наредбата- ,,ВО ПРВ НАВРАТ,,а како што се тврди во самото барање на ОЈО и одлуката т.е образложението на Наредбата на истражниот судија од 12.04.2011година (иако прво наредбата била усна бидејки немале време) целосно го потврдува  нашето тврдење дека загрозениот сведок е агент провокатор и соработува со службите од пред издавање на првата наредба за примена на ПИМ мерки и фактот и прашањата кои се наметнуваат каде единствен одговор е дека загрозениот сведок е соработник и агент провокатор.

Имено,

Од каде органите на прогонот и ОЈО кој барал примена на ПИМ мерка знаеле дека ВО ПРВ НАВРАТ ќе се даваат пари на обвинетиот од загрозениот сведок? Кој им кажал? Можеле да им кажат само загрозениот сведок и обвинетиот. Обвинетиот не е. Кој останува?

. . .

Земајки предвид дека е странец според ОЈО, КАКО ГИ ВНЕЛ 20.000 ЕВРА во Р.Македонија. Ама нели ќе се изложи на кривичен прогон во тој случај бидејки за сите останати е неможно легално да внесеш 20.000 ЕВРА во РМ. Или ги внел на два пати по 10.000 ЕВРА што е легално. Но малку потешко е со 100.000 ЕВРА за кој ОЈО тврди дека се негови. Но тој за тоа не одговори на мое дирекно прашање.

>> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.