/Прочитано:

487

Кривичниот суд: Обвинителниот акт за предметот „Плацеви на Водно“ е одобрен во целост

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ е одобрен во целост, по што е фромиран и кривично – правен предмет со КОК бр. 63/21. Главната расправа по наведениот предмет е насрочена на 16.07.2021 година во 10:00 часот во Судница 1 за што веќе се известени странките во постапката“, соопштуваат од Кривичниот суд.