/Прочитано:

4.505

Кривичниот суд: Одобрено е обвинението за предметот „Поштенска банка“

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат јавните расправи во Основниот кривичен суд Скопје, ја информираме јавноста дека Обвинителниот акт со КОК – ооа 60/20 поврзан со „Поштенска банка“ против 9 лица обвинети за кривичните дела Злoупотреба на службена положба и овластување, како и Перење пари и други приноси од казниво дело, по одржана седница на советот за оценка, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост. По одобрениот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 124/21 за кој откако согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, ќе биде насроечна  главната расправа за што странките ќе бидат дополнително информирани“, соопштуваат од Кривичниот суд.