Кривичниот суд за пресудата во предметот „Двојник“ во врска со пасошите
Со пресудата, врз основа на признание на вина, обвинетите Д.Б., А.Л., Ѓ.В. и Ф.В. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.1 вв со чл. 45 од КЗ како и Р.М. за кривичното дело од чл. 23 вв со чл. 353 ст. 1 од КЗ, па ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, им определи:
За Д.Б. на казна затвор во траење од 2 години и 7 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,
А.Л. на казна затвор во траење од 2 години и 3 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,
Р.М. на казна затвор во траење од 2 години и 3 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,
Ѓ.В. на казна затвор во траење од 2 години како и забрана за вршење на професија, должност или дејност во рок од 10 години,
Ф.В. му определни алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 6 месеци затвор која нема да се реализира доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело, како и забрана за вршење професија, должност или дејност во траење од 3 месеци.
Главната расправа за обвинетите кои на денешното судење не ја признаа вината, продолжува на 07.05.2021 година“, соопштуваат од Судот.
Обвинение против 11 лица за злоупотреби при издавањето пасоши
За 11 лица поведена постапка за злоупотреби при издавањето пасоши
М.В