Мерка притвор од 30 дена за Љупчо Палевски Палчо и краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски
Соопштение од Основниот кривичен суд Скопје
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на Љ.П. со прекар П. Од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори кривичното дело.
Согласно наредбата за спроведување истражна постапка, за лицето постои основано сомнение за кривичните дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.7 вв со чл. 22, Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 вв. чл. 22 и Предизвикување општа опасност од чл. 288. ст.1 вв со чл. 22 од КЗ.
Воедно, како што информиравме и во текот на вчерашниот ден, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Јавниот обвинител за определување мерка краткотраен притвор од 48 час против А.Ѓ. заради постоење на основите до чл. 165 ст.1 точка 1 и 2 односно опасност од бегство и попречување на истрагата со влијание врз сведоци.
И двете решенија, како и известувањето за три други притвор во текот на вчерашниот ден :
се поврзани со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.