Инфо за предметот
Надлежен суд: Основен суд 1 Скопје
Бр. на предмет: К.Бр 3764/11
СУДЕЊЕ
Почеток: 04.05.2012г.
Судија: Судија Aлександра Ристеска (претседавач)
Обвинител: Елизабета Соколова
Обвинети:
- Петар Маневски
- Стефан Гелов
- Д.Т
Мухамед Али Јашари
Обидувајќи се да го заштити другарот, матурантот Мухамед Али Јашари заврши трагично поради удар од камен во градите во дворот на средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, во април 2011 година. Според обвинението, Јашари го изгубил животот во обид да му помогне на својот другар кој влегол во тепачка со три други лица на возраст од 17 до 19 години против кои се води/ше судска постапка.
Во мај 2013 година беше донесена првостепена пресуда со која првообвинетиот Петар Маневски доби 13 години затвор за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици, второбвинетиот Стефан Гелов доби 4 месеци затвор за за загрозување со опасно орудие при тепачка и караница, а за тогаш малолетниот Доријан Тасевски, согласно Законот за малолетничка правда постапката беше запрена бидејќи тој веќе издржуваше 2- годишна затворска казна за тешка кражба во малолетничкиот затвор во Охрид. Скопска Апелација, како и Врховниот суд на РМ ја потврдија пресудата, но за Маневски, кој во текот на судењето стана недостапен за органите на прогонот, а подоцна е приведен, почната е нова постапка.
Јашари немал срцева аномалија, но имал капкасто срце
Според Јавното обвинителство, причина за смртта е ударот од камен. Вештачењето изнесено во текот на постапката покажа дека на смртта влијаела специфичната состојба на срцето на Јашари во науката познато како капкасто срце. Раководејќи се од доказите и прибавените податоци за фактите во текот на истрагата, по стручната анализа и примената на правните норми прилагодени кон прибраните докази, обвинителството одлучило дека Маневски треба да одговара за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици, а не за убиство.
Tек на судењето
- 29.10.2014 – Одложен стартот на новото судење против првообвинетиот
- 07.05.2013 – 13 години затвор за Петар Маневски кој со удар од камен ја предизвика смртта на матурантот Јашари
- 17.04.2013 – Одбраната и обвинителството со контра аргументи во завршните зборови — пресуда на 7 мај
- 10.04.2013 – Рочиштето се одложи — завршни зборови на следниот главен претрес
- 20.03.2013 – Сведочеше и последниот очевидец на кобната тепачка од пред 2 години во која матурантот го загуби животот
- 20.02.2013 – Рочиштето се одложи, се очекува следниот месец да заврши доказната постапка
- 23.01.2013 – Оштетеното лице и очевидецот не се појавија во судот
- 26.12.2012 – Доколку немало дејство на било каков агенс во тој случај немало да се случи тоа, Дума го даде одговорот на клучното прашање
- 19.20.2012 –
Сведокот тврди дека едно лице замавнало кон Јашари, но не може да го препознае
- 26.09.2012 –
- 06.09.2012 – Првообвинетиот е во бегство, сведочеше момчето кое Јашари го бранел
- 06.07.2012 – Судењето се одложи поради отсутност на обвинетите
- 11.06.2012 – Првообвинетиот го удрил Јашари со камен по градите, тврди сведок
- 30.05.2012 – Никој не фрли камен кон Јашари, тврди второобвинетиот Стефан Гелов
- 04.05.2012 – Ниту земав, ниту удрив некого со камен вели првообвинетиот