/Прочитано:

561

Одбиено барањето за определување нов притвор на Јанакиески

Кривичниот совет го одби барањето на обвинителката Вилма Русковска да му биде определен ефективен притвор на Миле Јанакиески, пет дена откако Апелациониот суд ја укина мерката куќен притвор.

„Имено, Апелациониот суд Скопје со решение КЖ 605/21 од 18.11.2021 година на обвинетиот М.Ј., му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост. Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апеалциониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението“, соопшти Кривичен суд.