Одложени расправи за повеќе предмети во Кривичниот суд
Главната расправа за предметот со КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“, насрочена за 07.04.2021 се одлага за 27.04.2021 година заради издадено решени за изолација на член на судечкиот совет.
Главната расправа за предметот со КОК бр. 30/20 од обвинителството означен како „Шпански скали“ која требаше да се одржи денеска ( 06.04.2021 година) се одлага за 20.04.2021 година заради издадени решенија за изолација на дел од обвинетите и еден од бранителите.
Главната расправа за предметот со К.бр. 930/18 во јавноста познат како „Комисија“ насрочен за 07.04.2021 година се одлага со оглед да предметот сеуште не е вратен во Кривичниот суд од Апелациониот суд – Скопје. Следната расправа е насрочена за 14.04.2021 година.
Согласно протоколите за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19 и издадените решенија за изолација на странките во постапката, судот за сите евентуални промени во термините за судење на предметите кои се од јавен интерес, навремено ќе ја извести јавноста“, се наведува во сооптшението на Кривичниот суд.
М.В