/Прочитано:

850

Одложени расправите за предметот „27 април“

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година кои се случија во Собранието на Р.М., ја информираме јавноста дека денешната расправа како и сите расправи насрочени до 25.04.2021 година, се одлагаат со оглед да дел од членовите на судечкито совет се во изолација по добиен позитивен ковид – тест. Следната расправа е насрочена за 26 – ти април, а за евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени. “, се наведува во соопштението на Судот.

М.В