/Прочитано:

1.392

Одложено рочиштето за случајот со насилствата пред Општина Центар, Јанева и Фетаи казнети со по 2.000 евра

На денешното рочиште, судијката Михајлова ги казни обвинителките од Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра поради непочитување на судот. Имено, Јанева и Фетаи ја обвинија судијката за фалсификување на записникот од првото рочиште кое се одржа на 16 декември минатата година. Во оваа насока, Фетаи нагласи дека Михајлова во тој записник навела дека  јавноста е исклучена од судницата единствено во делот кога се слушаат снимките од прислушуваните разговори, а всушност, како што рече, новинарите беа истерани.

Судското рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар, во кој се обвинети: лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 други луѓе, денеска беше одложено од страна на судијката и в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Татјана Михајлова, поради отсуство на дел од обвинетите.

На денешното рочиште, судијката Михајлова ги казни обвинителките од Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра поради непочитување на судот. Имено, Јанева и Фетаи ја обвинија судијката за фалсификување на записникот од првото рочиште кое се одржа на 16 декември минатата година. Во оваа насока, Фетаи нагласи дека Михајлова во тој записник навела дека  јавноста е исклучена од судницата единствено во делот кога се слушаат снимките од прислушуваните разговори, а всушност, како што рече, новинарите беа истерани.

„Има и други работи што се невистинито внесени во записникот. Затоа ја бараме снимката од судењето на која имаме право во согласност со одредбата од член 374 од Законот за кривична постапка во рок од 24 часа, а од 16 декември до денеска е поминат подолг временски период“, изјави специјалната обвинителка Фетаи.

По ова, Михајлова го прекина денешното рочиште со образложение дека нема услови за негово одржување и наложи сите списи од денешното рочиште да се достават до Советот на јавни обвинители, бидејќи смета дека Советот на јавни обвинители е надлежен за Специјалното јавно обвинителство.

Следното рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар во 2013 година е закажано за 10 март.

А. Б.