Ослободителна пресуда во предметот „Тортура“
Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Сашо Мијалков во предметот „Тортура“, кој се однесуваше на апсењето на Љубе Бошковски во 2011 година. Според Судот, обвинителството не докажало надвор од основано сомнение дека поранешниот шеф на УБК и шестмина припадници на поранешната полициска единица „Алфи“ се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Обвинителот Љубомир Лапе најави жалба на пресудата.
М.В