/Прочитано:

599

„Плацеви на Водно“: Седум години затвор за Груевски

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје му изрече на поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот, затворска казна во траење од седум години и парична казна од 3.500 евра.

Неговиот братучед и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на една година и три месеци затвор, Ристо Новачевски, кум на Груевски, е осуден на условна казна затвор во траење од две години, бизнисменот Ненад Јосифовиќ доби условна казна затвор од две години, бизнисменот Јордан Камчев доби затворска казна во траење од една година.

Нелегално стекнатиот имот за кој се товарат осудените, ќе биде конфискуван.

 

https://akademik.mk/sudenje/soopshtenija-na-krivichniot-sud-i-na-javnoto-obvinitelstvo-vo-vrska-so-predmetot-platsevi-na-vodno/