/Прочитано:

2.694

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: КОК. Бр. 77/15

СУДЕЊЕ

Почеток: 5 август 2015 г.

Судија: Љубинка Башевска (претседавач)

Обвинител: Специјално јавно обвинителство

Обвинети:

  • Зоран Верушевски
  • Ѓорги Лазаревски
  • Соња Верушевска
  • Зоран Заев
  • Бранко Палифров

„Пуч“

Предметот за случајот „Пуч“ беше оформен во Основниот суд Скопје 1 откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на 1 мај 2015 година достави обвинителен акт против пет лица, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

Како што беше наведено од Обвинителството, по спроведување на сеопфатна истражна постапка, разгледување и анализа на сите прибрани докази и факти во предметот „Пуч“, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт против осомничените.

Првообвинетиот, поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, се товари за едно продолжено кривично дело „Неовластено прислушување и тонско снимање“ од чл.151 ст.4 в.в. со ст.1 а во врска со чл.23 и чл.45, „Шпионажа“ од чл.316 ст.4 и „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в со чл.24 од Кривичниот законик.

Второобвинетиот Ѓорги Лазаревски е обвинет за едно продолжено кривично дело „Неовластено прислушување и тонско снимање“ од чл.151 ст.4 в.в. со ст.1 а во врска со чл.23 и чл.45 и кривично дело „Шпионажа“ од чл.316 ст.4 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик.

PUC ZAEV VERUSEVSKI

Третообвинетата Соња Верушевска, сопруга на Зоран, се товари за кривично дело „Шпионажа“ од чл.316 ст.4 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој е четвртообвинет во случајот се товари за кривично дело „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в чл.19 од Кривичниот законик.

Петтообвинетиот Бранко Палифров, службеник во општина Струмица се товари за кривично дело „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в чл.24 од Кривичниот законик.

Иако досега беа закажани неколку рочишта за предметот „Пуч“ судењето не е започнато. Најпрво рочиштата беа одложувани поради тоа што Заев не присуствуваше на нив. Тој изјави дека не го почитува судот и побара предметот да припадне во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

Последните две рочишта беа одложени на барање на специјаланата јавна обвинителка Катица Јанева која побара дополнително време за увид во доказниот материјал на предметот.

PUC KATICA JANEVA I LENCE RISTOSKA

Тек на рочиштата