Инфо за предметот
Надлежен суд: Основен суд Скопје 1
СУДЕЊЕ
Почеток: 22 февруари 2016г.
Судија: Седат Реџепагиќ
Обвинет:
- Раде Васаќевски
Сообраќајна несреќа со жртва во Хром
Возачот на камион, Раде Васаќевски, во сообраќајна несреќа која што се случи во октомври минатата година ја прегази единаесетгодишната Матеа.
Основното јавно обвинителство Скопје покрена обвинение против Васаќевски кој беше обвинет за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од чл. 300 ст. 4 в.в. со чл. 297 ст. 3 в.в. ст. 1.
Сообраќајната несреќа во која загина Матеа се случи на 24 октомври минатата година во Скопје на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“, „Ангел Динев“ и „Исаија Мажовски“. Товарно моторно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Васаќевски удрило во пешакот Матеа која поради сериозноста на повредите починала на местото на несреќата.
Судскиот процес се одвиваше во едно рочиште по кое судијата закажа пресуда.
Тек на постапката
- 25.02.2016 – ПРЕСУДА: Една година казна затвор и една година забрана за управување со моторно возило за возачот кој ја усмрти Матеа
- 22.02.2016 – Возачот на камион кој усмрти единаесетгодишно девојче ја призна вината