/Прочитано:

2.749

Соопштение на Апелациониот суд: Во целост потврдена првостепената пресуда за Никола Груевски

Апелациониот суд Скопје ја потврди затворската казна за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот на СЈО со кодно име „Тенк“.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ. П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на  казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди. Жалбите на обвинетиот Н. Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост“, се вели во соопштението на Апелациониот суд.

Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.

М.В