/Прочитано:

1.150

Соопштение на Врховниот суд за одбиената жалба поднесена од Софија Лаличиќ

„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.6/2021 со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година“, соопштуваат од Врховниот суд.
М.В