/Прочитано:

1.148

Уште едно признание на вина во предметот „Двојник“ во врска со пасошите

„Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата за еден од обвинетите во предметот со К.бр. 1181/21 од надлежното јавно обвинителство означен со работен наслов „Двојник“ кој на денешната главна расправа ја призна вината за кривичното дело кое му се става на товар.
Согласно пресудата, Кривичниот суд, ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, обвинетиот Ш.Ј. за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.1 вв со чл. 45 од КЗ го осуди на казна затвор во траење од 1 година и 7 месеци, а воедно му определи и мерка Забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од 10 години.

До сега во конкретниот предмет шест обвинети своеволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар и добија првостепени пресуди, додека за останатите обвинети главната расправа продолжува во текот на денешниот ден“, соопштуваат од Кривичниот суд.

Кривичниот суд за пресудата во предметот „Двојник“ во врска со пасошите