/Прочитано:

4.082

Започна судскиот процес за предметот „Јавна соба“ – одбраната смета дека обвинителството нема докази

Денеска во Крвичниот суд започна процесот за предметот познат во јавноста како „Јавна соба“. На почетокот на рочиштето одбраната на обвинетите бараше одлагање на судењето бидејќи како адвокати не го добиле целокупниот доказен материјал.

Претседателката на судечкиот совет, Билјана Коцевска, одлучи обвинителството да го образложи обвинението, а поради причините кои ги истакнаа адвокатите, нивните воведни говори да се дадат на следното рочиште кое беше закажано на 27 август.

Обвинителот Владимир Милошески на рочиштето истакна дека обвинителството ќе ја докаже вината кај креаторот и администраторот на групата и дека самите материјални докази кои ги прибрале како обвинителство ја докажуваат вината кај обвинетите.

Обвинителството, додаде обвинителот, ќе докаже дека умислено и свесно инсталирале апликација, делувале како администор и креатор на апликацијата на која формирале група „Јавна соба“со кој директно е загрозен половиот морал.

Адвокатите Петро Јанура и Мирјана Стeвановска, пак, нагласија дека обвинението не е базирано на докази и дека во ваков сериозен процес за особено сензитивна тема мора да постојат цврсти докази кои ја докажуваат вината.

„За ваков случај мора да има цврсти докази. Обвинението е лабаво и говори за еден несериозен пристап на обвинителството кон предметот. Мојава изјава би ја завршил со следново: подобро илјада виновни на слобода отколку еден невин во затвор“, вели адвокатот Јанура.

„Обвинителството за да донесе ваков обвинителен акт, требаше да прибави круцијални докази, кои што и воопшто не постојат, а тоа ќе го видите во текот на постапката“, вели Стевановска.

Инаку, адвокатите  на крајот на денешното судење побараа укинување на притворот за обвинетите, со домашен или јавување во судот, а поради нивните семејни и здравствени причини, но судот го одби нивното барање.

Поднесено обвинение за креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“

Заедничка изјава на жени активистки за човекови права од Балканскиот Регион за родовозаснованото насилство на интернет

На петтиот Марш за женски права активистките потсетија – Држава што не постапува е држава што силува

Обвинителството ги поддржува измените на Кривичниот законик за кривичните дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“

Соопштение на Јавното обвинителство за предметите „Јавна соба 1“ и „Јавна соба 2“

Обвинителството итно да го расчисти случајот „Јавна соба“, бараат од Платформата за родова еднаквост

Притвор за креаторот и за администраторот на групата „Јавна соба“

„Измени на Кривичниот законик за случаи како ‘Јавна соба’ во согласност со Истанбулската конвенција“ – Марта Гусар, адвокат

Протестен марш: Јавна соба е кривично дело

Казна затвор до три години за кривичното дело „Демнење“ како нова законска измена

Пендаровски за случајот „Јавна соба“: Одговорност мора да има во најкус можен рок

Платформата за родова еднаквост: Скандалозен однос на Обвинителството кон кривичните дела од „Јавна соба“

М.В