/ Прочитано:

3.150

Судии предлагаат Основниот суд Скопје 1 да се преименува во Кривичен суд

Судии од Основниот суд Скопје 1 предлагаат да се смени името на Основниот суд Скопје 1 во Кривичен суд. Ова денеска го обелодени судијата Владимир Туфегџиќ, на јавната расправа за преложените измени на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет.

Судијата Туфегџиќ образложи дека ваквиот став судиите го изградиле на нивна меѓусебна координација, заклучувајќи дека измените на името на Судот се потребни од причина што Основниот суд Скопје 1 – Скопје е специјализиран за кривичната материја и работи и постапува по кривичноправни предмети. За да се смени називот на Судот, вели судијата Туфегџиќ, потребно е да се направат  интервенции и измени во Законот за судовите.

М.В