/ Прочитано:

1.120

Судиите во Хаг добија мандат до 2014 година, Русија се противи

Вторник, 18 декември 2012 – Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата со која се продолжува мандатот на хашките судии од Меѓународниот суд за земјите од поранешна Југославија се до 2014 година. ОН го повика Трибуналот да ги затвори сите судски процеси, најдоцна до 31 декемри 2014 година. 

Обединатите Нации од Трибуналот побара до 15 април 2013 година да го претстави планот на сите процеси и нивните останати задачи. Резолуцијата е усвоена со 14 гласови, Русија се воздржала при гласањето, ја критикувала работата на Трибуналот, бидејќи како што се изјаснила „големата мечка“, со резолуцијата не се покренало прашањето за ефикасноста на судот.

Заменикот на рускиот претставник  во ОН, Сергеј Карев смета дека Трибуналот има сериозни системски проблеми и не е во можност самиот да се избори против тоа.

„Мерките на Трибуналот кои имаат за цел наводно да ги направат судењата поефикасни, постигнаа спротивен ефект. Системската грешка на раководството на Трибуналот да ги почитуваат своите ветувања за крајните рокови за да ги затворат судските предмети, дефинитивно ја ослабеа нашата доверба во ова тело“, објаснува Карев.

САД и Британија ја подржаа работата на Трибуналот и ја назначија неговата значајна улога во остварувањето на правдата.

„Жал ни е што не може да се постигне консензус. Трибуналот има клучна улога во борбата против неказнувањето и пружањето правда на безбројни жртви при злосторствата во Југославија“, рече британскиот амбасадор во ОН, Марк Лајол Грант.