Судијата Бурим Сејдини избран за претседател на Управниот суд
Судскиот совет донесе одлука со која за претседател на Управен суд е избран Бурим Сејдини, судија на Управен суд. Бурим Сејдини за судија во Управниот суд е избран во 2013 година. Како судија во Управниот суд работи на областа за јавни набавки и други права. Сејдини беше претседател на судот и во периодот од 2017 до 2021 година.
Според законските надлежности, Управниот суд, заради обезбедување судска заштита на правата и правните интереси на физичките и правните лица и заради обезбедување на законитоста, во управни спорови одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога решаваат за правата и обврските во поединечни управни работи, како и за актите донесени во прекршочна постапка.
М.В