/ Прочитано:

958

Судијата го опомени Младиќ за викањето во судница

Петок, 24 август 2012 – Трите мозочни удари на генералот Ратко Младиќ не го оправдуваат неговото вреѓање врз сведоците и викањето на неговите бранители, изреагирал  хашкиот судија Баконе Молото.

Судијата на Хашкиот трибунал, Баконе Молото во судница изјавил дека тоа што поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ, имал три мозочни удари, не може да биде причина за некогово викање на бранителите и вреѓањето на сведоците.

– Никој од нас не е 100% здрав, па сите се однесуваме пристојно, во лутина судијата му рекол на адвокатот на Младиќ, пренесува „Вечерње новости“.

Адвокатот Лукиќ му одговорил на судијата дека го смета сериозно однесувањето на Младиќ во судницата, но целиот тим биле навикнати Младиќ да разговара со нив со повисок тон. Младиќ веќе им се пожалил за неговата здравствена положба, но исто така бил фрустриран бидејќи според него обвинителството криело докази, а сведоците лажеле.

Судијата Молото кој е од Јужна Африка, го води процесот во отсуство на холандскиот судија Алфонсо Ори, кој од годишните одмори се нема појавено на ниту едно рочиште.

Главниот претрес продолжил со вкрстено испрашување на ирскиот полковник Колм Дојл, кој во почетокот на 90-сетите бил член на Европската набљудувачка мисија. По него сведочел мировниот преговарач, предодреден за територијата на Босна и Херцеговина, Питер Карингтон.