/ Прочитано:

1.043

Судијата поротник во предметот „ТНТ“ поднесе оставка

„Предупредувањата на Кривичниот суд за евентуални притисоци и закани, како и обиди за одолговлекување на постапката во предметот на јавноста познат како ‘ТНТ’, а за кои судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина.

Судијата поротник кој изминативе денови беше постојано прозиван, па дури му беше и посочено дека ако се појави во судот, прави кривично дело, денеска до судот достави неотповиклива оставка, во која наведува дека заради истек на мандат, навршени години и нарушено здравје поднесува оставка. Судот во секој случај ќе ја почитува волјата на судијата поротник и за истата ќе го извести Судскиот совет.

Судот, согласно неговите законски надлежности и овластувања, ќе продолжи со постапување по предметот и заради тоа обезбеден е нов поротник, како и резервен поротник, а сѐ со цел заштита на правата на обвинетите и оштетените во постапката, почитување на начелото за судење во разумен рок и јавниот интерес за предметот. Во тој правец, судечкиот совет на одбраната ѝ понуди, доколку не сакаат непотребно да ја одолговлечат постапката, да прифати судењето да почне формално од почеток, со читање на доказите заради запознавање на новиот поротник, а без нивно повторно изведување, за што веќе има воспоставена пракса со нивните колеги адвокати во предметот на јавноста познат како ‘Еразмус’.

Во интерес на утврдување на фактичката состојба, како и правдата и правната држава, Кривичниот суд продолжува да постапува по сите предмети, сѐ во интерес на странките во постапките, а останува на надлежните институции да се произнесат околу сите барања и предлози на судот како да се надминат недостатоците во законите со кои се регулира статусот на судиите поротници кои ја претставуваат граѓанската одговорност во судските одлуки“, соопштуваат од Кривичниот суд.

Даути до Џолев: Имате сила и нè казнувате, но стапот има два краја

Страшевски со ново соопштение: Нема да отстапам од правото и законите, сценаријата на судот се јасни

Адвокатската комора за известувањето на Кривичниот суд за годишниот одмор на адвокатот Страшевски

Соопштенија на адвокатот Страшевски и на Кривичниот суд во врска со судијата поротник

Здружението на судии: Ги осудуваме сите видови на напади врз независноста на судството

Соопштение на Судскиот совет во врска со изјавите на адвокат во предметот „ТНТ“

Соопштение на Кривичниот суд во врска изјавите на адвокатите во предметот „ТНТ“

Отворено писмо на адвокатот Мерџан Даути во врска со предметот „ТНТ“

 Адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста за повредите на принципот на владеење на правото

Довербата меѓу адвокатот и странката – клучна максима во остварувањето на правата

АДВОКАТИТЕ И НОТАРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Јавна расправа за Законот за нотаријатот

М.В