/ Прочитано:

3.923

Судијката Беса Адеми избрана за претседател на Врховниот суд

Судскиот совет ја избра врховната судијка Беса Адеми за претседател на Врховниот суд.

„Донесена е одлука за избор на претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по оглас број 09-1733/2 од 11.11.2020 година, и тоа за претседател на Врховниот суд на РСМ е избрана Беса Адеми, судија на Врховниот суд на РСМ“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Адеми во Врховниот суд работи како судијка во Одделот за граѓански дела, во специјализираниот совет по жалби против одлуки на Управниот суд и во Одделот за судска практика.

„Родена е на 23.1.1964 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Албанка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 г. Правосуден испит положила во Скопје на 8.4.1993 г.

На 15.12.1990 г. започнала да работи како приправник волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 г. била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 г. до 14.6.2004 г. работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 г. со одлука за избор 07-2592/1 (Сл. в. на РМ бр. 38/04 од 17.6.2004 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по предмети во Граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Има солидно познавање на англискиот јазик. Член е на Комисијата за правосуден испит“, се наведува во официјалната биографија на новата претседателка на Врховниот суд.

М.В