/ Прочитано:

2.306

Судијката Дијана Груевска-Илиевска поставена за заменик-претседател на Кривичниот суд

Според одлуката на претседателот Панчевски, судијката Дијана Груевска-Илиевска е определена за заменик на претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје на местото на судијата Ивица Стефановски, кој по лично барање не е повеќе заменик-претседател.

Илустрација, судија

Кривичниот суд објавува ново прераспоредување на судии кое е надвор од Годишниот план за работа.

Како што информираат од Судот, организациските промени се донесени од страна на претседателот Владимир Панчевски.

Според одлуката на претседателот Панчевски, судијката Дијана Груевска-Илиевска е определена за заменик на претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје на местото на судијата Ивица Стефановски, кој по лично барање не е повеќе заменик-претседател.

„Судијата Гордана Спиреска е определена за претседател на Одделот кривично полнолетни, од причини што досегашниот претседател на одделот, судијата Сандра Крстиќ, по лично барање е прераспоредена во друг оддел. Поради истите причини, судијката Сандра Крстиќ, исто така, е прераспоредена од Одделението за организиран криминал и корупција во Одделот кривично претходна постапка“, велат од Кривичниот суд.

Судијката Груевска-Илиевска во моментов е судечки судија во предметот „Поткуп“, во кој како обвинет се јавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Спиреска, пак, беше главен судија во предметот познат во јавноста како „Фабрика за афери“, во кој обвинети беа браќата Захир Бекири – Чауш и Имер Бекири.