/ Прочитано:

1.225

Судот определил мерка притвор во траење од 30 дена за уште двајца осомничени во „Транспортер“

Осомничените се товарат дека сториле кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 5 од КЗ. Во однос на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски, не беше донесена наредба за спроведување на истражна постапка поради правни пречки – помилување од страна на Претседателот на државата.

????????????????????????????????????

Кривичниот суд соопшти дека судија на претходна постапка на две лица осомничени во предметот „Транспортер“ попладнево им била изречена мерка притвор во траење од 30 дена. На едно лице определени се мерки за обезбедување, односно одземање на патната исправа, обврска да се јавува кај овластено лице во суд и забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето.

Денеска на распит пред судија на претходна постапка беа последните тројца осомничени во предметот на Специјалното јавно обвинителство. Осомничените се сопственици на фирми за транспорт.

Судија на претходна постапка вчера на едно лице осомничено во предметот „Транспортер“ му изрекол мерка куќен притвор, додека на други тројца осомничени во истиот предмет – мерки за обезбедување, односно одземање на патната исправа, обврска да се јавуваат кај овластено лице во суд и забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето.

Во предметот „Транспортер“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, пред два дена, пред судија на претходна постапка по предлог од СЈО биле изведени и сослушани четири лица. За еден од осомничените е определена мерка притвор во траење од 30 дена, додека за останатите тројца се определени мерки за обезбедување, односно одземање на патната исправа, обврска да се јавуваат кај овластено лице во суд и забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето.

Дваесет и две лица, меѓу кои како првоосомничен се јавува градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, и злоупотреба на 360 илјади евра од Буџетот на Република Македонија преку злоупотреба на службената положба, се дел од новиот предмет што го отвори Специјалното јавно обвинителство, под име „Транспортер“.

Осомничените се товарат дека сториле кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 5 од КЗ. Во однос на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски, не беше донесена наредба за спроведување на истражна постапка поради правни пречки – помилување од страна на Претседателот на државата.

Специјалното јавно обвинителство најави дека до Судот ќе поднесе и предлози за изрекување мерки против имотот на дел од осомничените и на дел од превозниците како правни лица кои поради кривичните дела стекнале имотна корист, со конкретно барање за забрана за располагање со имотот. Конкретно, ќе биде побарана забрана за располагање со 3 стана, 8 патнички моторни возила  и 33 автобуси со цел да биде надоместена предизвиканата шета.

„Вакви мерки ќе бидат побарани и против имотот на градоначалникот на Општина Битола бидејќи помилувањето, како акт на милостина од Претседателот, во овој случај само спрема градоначалникот, не ја опфаќа ниту имотната корист од кривичното дело, ниту штетата што е должен да ја надомести“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.