/ Прочитано:

871

Судот во Стразбур: „Истражниот затвор за Тимошенко е своеволен и противзаконски“

Понеделник, 30 април 2013 – Европскиот суд за човекови права во Стразбур донел пресуда според која било утврдено дека апсењето на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко било политички мотивирано и претставува прекршување на човековите права.

Истражниот затвор за 52 – годишната поранешна премиерка во 2011 година бил „своеволен и противзаконски“ – пресуди денеска едногласно Малиот судски совет на Судот во Стразбург. Судот утврди дека биле направени и четири повреди од страна на Украина против основните права на Тимошенко, но ги отфрли жалбите поради лош третман во затвор.

Тимошенко тужеше поради затворските услови и дека казнената постапка против неа била политички мотивирана од страна на украинската Влада. Од 2011 година таа одлежува 7 годишна затворска казна поради злоупотреба на службена функција и нејзиното здравје е нарушено.

Против пресудата на судскиот совет и двете страни можат да се произнесат во рок од три месеци. Судот тогаш случајот може да го предаде на проверка кај 17-те судии на Големиот судски совет, но и немора да го стори тоа.

Украина е една од земјите членки на Советот на Европа и потписник на Европската конвенција за човекови права. Со тоа Украина е земја е обврзана да се придржува кон пресудите на Судот од Стразбург.

Против неа во моментов се води нов судски процес поради измама и затајување данок, а во јануари беше поднесено уште едно обвинение – за нарачување на убиството на пратеникот Јевген Шчербан во 1996 година.