/ Прочитано:

980

Судот во Стразбур одлучи во корист на српските ветерани, Србија ќе им плати 300 милиони евра

Вторник, 12 февруари 2013 – Европскиот суд за човекови права во Стрaзбур одлучи во корист на српските ветерани, ја потврди првостепената одлука донесена во корист на Сојузот на здружените борци од (1990-1999) година со која државата треба да им ги исплати дневниците на борците кои се бореле на просторите на поранешна Југославија. 

Претседателот на Сојузот на борците од периодот 1990-1999 година објаснил дека со пресудата ќе бидат опфатени преку 100.000 ветерани бидејќи само овој сојуз опфаќа околу 140.000 поранешни борци. Тие од државата ќе бараат најмалку по 240.000 динари од борец, а тоа би значело дека Владата на Србија треба да исплати 300 милиони евра. 

Воените ветерани пред 4 години во повеќе наврати протестирале во своите родни места, а доаѓале и до Белград каде пред зградата на Владата седеле и по неколку дена.

Ветераните добивањето на пресудата ја гледаат како добиено прво полувреме, понатаму ќе бараат со итна постапка да се донесе закон кој ќе го регулира статусот на борците, воените инвалиди и загинатите во војната затоа што сметаат дека не смее повеќе да се дозволи овие луѓе да живеат од милост.