/ Прочитано:

1.234

Судска битка меѓу Самсунг и Епл за патентиран дизајн

Врховниот суд на САД одлучил дека „Самсунг” можеби нема да мора да плати за целиот профит кој го остварил од продажбата на телефони копирајќи делови на карактеристичниот изглед на моделот „ајфон” на производителот „Епл”. Конкретниот спор помеѓу „Самсунг” и „Епл”, се однесува на неколку карактеристики на дизајнот на производот. „Епл”, кај кого работат повеќе независни дизајнери, како и модни компании, како што се: „Најк” и „Тифани”, тврди дека дизајнот е од централно значење за многу производи и дека оној што го прекршува патентот треба да биде принуден да го предаде целиот профит кој го остварил од продажбата на производот со кој е прекршен патентот, додека пак од „Самсунг”, кој е поддржан од Силиконската Долина, од „Гугл”, од „Фејсбук”, од „Ибеј” и од „ХП”, велат дека казните треба да бидат пропорционални на важноста на нарушувањето на карактеристиките на целиот производ.

самсунг и епл

Со едногласна одлука од 12 судии, Врховниот суд на САД одлучи во корист на произведувачот на паметни телефони „Самсунг” во спорот со „Епл” во предметот поврзан со патентираниот дизајн на моделот „ајфон”. Имено, Врховниот суд одлучил дека „Самсунг” можеби нема да мора да плати за целиот профит кој го остварил од продажбата на телефони копирајќи делови на карактеристичниот изглед на моделот „ајфон” на производителот „Епл”.

Федералниот закон вели дека компаниите се сметаат за одговорни за кршење на правилата за заштита на патентираниот дизајн и се одговорни за целиот профит кој го оствариле со производот.

Судијата известител на Врховниот суд Соња Сотомајор во своето мислење истакнува дека предмет на производство понекогаш може да биде целиот производ кој се продава, а понекогаш и внатрешните компоненти на производот за да се смета дека се повредени правилата за патентираниот дизајн.

Патентот на „Епл”, „ајфон“, содржи специфични елементи, вклучувајќи црна предна страна со заоблени рабови и внатрешно мени со 16 икони.

Во 2012 година „Епл” наплатил штета од 399 милиони долари од „Самсунг” за кршење на патентните правила, т.е. сума која го означува целиот профит кој „Самсунг” го остварил од продажбата на телефоните и која притоа на почетокот како тужбено барање изнесувала 1 милијарда долари.

Минатата година, одделот во Апелациониот суд на САД кој решава спорови од интелектуална сопственост одлучил дека федералниот закон експлицитно дозволува доделување на вкупниот профит од предметот кој се продавал и со кој биле прекршени правилата за патентиран дизајн.

Мислењето на судијката Сотомајор не го одговорило докрај прашањето дали предметот на производство се однесува на целиот телефон или само на дел од него. Таа вели дека Федералниот судски совет згрешил кога одлучил дека релевантниот предмет на производот мора секогаш да биде крајниот производ кој се пушта во продажба за корисниците.

Таа наведува два примери во случај на дизајниран производ – кога се работи за едноставни предмети како чинии, самиот производ е предмет на производство бидејќи е составен како една компонента, како една целина – чинијата. Во случајот на дизајн на производи кои во себе содржат микрокомпоненти, како на пр. рерна, идентификувањето на предметот на производство е многу потешко и посложено, токму поради внатрешните делови на целината.

Компаниите кои се занимаваат со технологија честопати ги имитираат иновациите направени од ривалите и во своите производи инкорпорираат стотици и илјадници патент-идеи во својот нов производ.

Конкретниот спор помеѓу „Самсунг” и „Епл”, се однесува на неколку карактеристики на дизајнот на производот. „Епл”, кај кого работат повеќе независни дизајнери, како и модни компании, како што се: „Најк” и „Тифани”, тврди дека дизајнот е од централно значење за многу производи и дека оној што го прекршува патентот треба да биде принуден да го предаде целиот профит кој го остварил од продажбата на производот со кој е прекршен патентот, додека пак од „Самсунг”, кој е поддржан од Силиконската Долина, од „Гугл”, од „Фејсбук”, од „Ибеј” и од „ХП”, велат дека казните треба да бидат пропорционални на важноста на нарушувањето на карактеристиките на целиот производ.

Со мислењето на Врховниот суд, двете водечки компании на пазарот на паметни телефони „Епл” и „Самсунг” треба повторно да се сретнат на суд за да расправаат за разумната сума која се однесува на надоместокот на штетата што ја предизвикал „Самсунг”.