/ Прочитано:

3.070

СУДСКИ СОВЕТ: Апелација Битола со нов претседател

Како што информираат од Судскиот совет, денеска претседателот на Советот, Бранко Ушковски, најавил распишување на оглас за избор на тројца судии во Врховниот суд и за избор на судии во основните судови.

????????????????????????????????????

Судскиот совет на денешната седница избрал претседатели на три суда во државава. За претседател на Апелациониот суд во Битола избрана е Елизабета Манели Ташевска, додека за претседатели на Основниот суд во Кочани и во Охрид повторно се избрани досегашните претседатели, Дарко Ристов и Милчо Клишески.

Како што информираат од Судскиот совет, денеска претседателот на Советот, Бранко Ушковски, најавил распишување на оглас за избор на тројца судии во Врховниот суд и за избор на судии во основните судови.

„Огласот за избор на судии во основните судови се однесува на завршените кандидати од петтата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители кои ја заокружија нивната двегодишна обука за судии, со што тие веднаш се подготвени да бидат вклучени во професијата, а истовремено и да се соочат и со предизвиците кои ќе ги носи нивната судиска функција“, се наведува во соопштението на Советот.

Исто така, на денешната седница Советот го усвоил и Правилникот за додатоци на плата за судиите, нивната висина и начинот на утврдување.