Судски совет: Иван Џолев определен за вршител на должност претседател на Кривичниот суд
„На денешната 386-та седница на Судскиот совет, судијата Иван Џолев беше определен за вршител на должност претседател на Основен кривичен суд Скопје се до избор на претседател на судот.
Судскиот совет го определи судијата Иван Џолев врз основа на член 89 од Законот за судови.
На истата седница беше донесено решение со кое се потврди дека судијката Благица Миладиноска Цонева од Основен суд Гевгелија ги исполнила условите за пензионирање“, се вели во соопштението на Судскиот совет.