/ Прочитано:

2.938

СУДСКИ СОВЕТ: Судијата Илир Исени поставен за в. д. претседател на Основен суд Дебар

Судијата Исени со Одлука на Судскиот совет на 10.06.2010 година е избран за судија на Основниот суд Дебар и работи како судија во граѓанска материја.

pravosudstvo.jpg

На денешната седница на Судскиот совет била донесена Одлука со која за Вршител на должност – претседател на Основен суд Дебар се определува Илир Исени, судија на Основен суд Дебар.

Судијата Исени со Одлука на Судскиот совет на 10.06.2010 година е избран за судија на Основниот суд Дебар и работи како судија во граѓанска материја.

Покрај тоа, Судскиот совет на денешната седница донел Одлука за престанок на судии поротници во Основен суд Делчево, по сопствено барање и Одлука за избор на судии поротници во Основен суд Делчево, по предлог на Претседателот на Основен суд Делчево.