/ Прочитано:

1.858

Судски совет: В.д. претседателот на Кривичниот суд достави писмено известување дека поднесува оставка

„В.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, Стојанче Рибарев, на 20.10.2017 година до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека од истиот ден се наоѓа на отворено боледување и дека негова замена ќе биде судијата Дијана Груевска-Илиевска. На 25.10.2017 година, в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, Стојанче Рибарев, до Судскиот совет на Република Македонија, достави писмено известување дека поднесува оставка на функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје и по неговото разрешување да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија. Според наводите во известувањето, причините за поднесувањето на оставката се од лична природа. Судскиот совет на Република Македонија, имајќи ги предвид овие две писмени известувања, во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница и ќе одлучува во рамките на своите законски надлежности“, се вели во соопштението на Советот.

М.В